Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата.

Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во "зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско". Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со кратко објаснување - "следуват песни кои се изведуваат на Св.Ѓорѓија, т.е. на 23-ти Април, кога момите и невестите заминуваат да берат разни биљачки и цвеќињ во горите.".
Дел од песните запишани и објавени од Васил Икономов за Ѓурѓовден ќе Ви ги прикажеме и со текст запишан од Панајот Гиноскиобјавени (долго по неговата смрт) 1899-1905 година (списание Жива Старина, Русија, цaрски грaд - Петроград), кој што се однесува на адетите кои што се изведувале за празникот Св.Ѓорѓија познат како ЃУРЃОВДЕН.  

ПЕСНИ ЗА ЃУРЃОВДЕН ЗАПИШАНИ ОД ВАСИЛ ИКОНОМОВ
126.
Сенуват слнце, зајдуват,
Зад високана планина,
Зад планината рудина,
Зад рудината зелен бор,
Зад зелени бор широки ограѓе,
Во ограѓе аргати,
Во аргати три моми;
Аргати збор си чинее,
Голем гунлук фрлае,
Фрлае шо ми фрлае:
На момите повише
Повише по илјада,
До илјада карагрошеви.
127.
Оздола идет старчишче,
Со това бело брадишче.
Со това црно шапчишче.
Викнае моми да плачет.
Млчите моми три моми,
Ја не ве зема замене,
Тук ќа ве зема за сина.
128.
Ајде, мори Цвето, на наш билает,
чекај, лудо, покроце, дур да ми доет шарен ковшек,
В шарен ковчек убава руба,
Шо се носит на добор ден,
на добор ден, ден Велигден,
ден Велигден, ден Ѓурѓoвен.
131.
Роса росит, под село,
Чума биет в`сред село,
Сине селани бегает,
Бела Неда небегат,
Тук си појде вчаршија,
Пак си купи кутија,
В`кутија бел шеќер,
Раат под визглавјето.
132. 
Ал имаш, бре девојко.
Коде коњи да врза?
Имам, лудо, имам, широки се дворови!
Во дворови стребрени колови,
До колови јасли босилкови.
Во јасли сено копринено,
Во сеното две китки босилок.
Ал имаш бре девојко,
Коде китки да редиме?
Широки се, лудо нашите одаи!
Во одаи китки ќа редиме!


134.
Ајде сега, бре селани, за многу годиње
Да играме, да пееме, да се веселиме,
Со се село, со се село, со се пријатели,
како шо е винo црвено,
и како шo е љута ракија.
135.
Невесто око калешо,
Чиво е онеа девојче?
Шо рано одит на вода,
На таја чешма шарена,
Да плнит вода студена.
Ох! Море лудо, де младо,
Това е мое золвиче.
Невесто, око калешо,
Ај дај ми го замене,
Ох! Море лудо де младо,
Да това ми е малечко.
Невесто око калешо,
Ја ќа го чека да растет.

АДЕТИ ЗА ЃУРЃОВДЕН ЗАПИШАНИ ОД ПАНАЈОТ ГИНОСКИ

Спроти ЃУРЃОВЕН на 22-ри од четвртиот месец на квечерина, девојките одит на  БИЉАЧКИ до 15-тина минути далеку од селото надвор; тамо пеејќи песни БИЉАРЕЧКИ; берет БИЉАРКИ - гороцвеќе, кукурек и млечка а и шума букова. Од како ќа се вратит по дома БИЉАЧКИТЕ и наредувает по враќето. А тие шо имает овци и друга домашна стока а је млечнодавна биљето и редит по ведрата и по бутињето и мешарките, кои и изваѓает надвор по дворови.Овеа наредување го викает запотнување а биљките запотка. Коде овците и другата стока млечнодавна најмногу клавает од биљето млечка за да им бидет стоката млечна годината. 
Старите жени пак тие одит на гробишча коде шо и накитувает гробовите на близните свои со гороцвеќе и распулена зелена букова шумринка.
На ЃУРЃОВЕН старите рано наутрина заминувает вцрков на молитва. 
Младите невести и девојки убаво променети рано наутрина пред зора зазорена заминувает - одит на биље. Заедно со нив на биље одит и деца одрастени-пораснати замомчени, лепо променати и наоружани со кашлачиња и погрмовни нешча (мисли на пиштоли и пушки), како нихна предстража. Одејки кон биљароберењето девојките пеет најразлични песни за денот. Таму тие берет гороцвеќе, новоразлистена шума букова и секакви биљки кои и имает на дикат за лековити и со теслица и копает одкорен. Дур берет биљарките момчињата седит сите накуп на едно место убаво и и гледает. А од како ќа наберет биље биљарките се собирает сите на куп и поигрувает оро со песни, и после си заминувает подома.Враќањето им је посвеќено, пеет гласни песни биљарски, стокмени со цвеќе по главите и рубата. Нај напред одит пред нив момчињата фрлајќи пушки
Кога ќа се вратит биљарките по дома пак и накитувает домашните потрепшчиње со биљачки. На децата им виет венци од гороцвеќе кои пак и носит посион ден.
Пушки се фрлает од зора па се до цел ден. Дека е адет во секое градинче да се фрлит по една пушка барем за да и исплашит поакосните животинки-кртови и други. 
По ручок девојките наметнувает нишалки по дрвјето и на нив се нишает сите со ред. Една се нишат а друга со јоже кроце тегнет нишалката. При нишањето се пеет пригодни песни за денот но и свакидневни. 
Во Лазарополе, дека храмот им је Св.Ѓорѓија тога по пушчање од црков после одит по крсти, исто како за Водици низ село со повите. Во други села на овја ден не се одит по крсти туку само на Водици. 

Обработил Мојсо Поповски

дел од првата страна од собраните песни на Васил Икономов

адети за Ѓурѓовден од Панајот Гиноски
ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ - ВИДИ ЛИНК

АДЕТИ И ПЕСНИ КАЈ МИЈАЦИТЕ ЗАПИШАНИ ОД ПАНАЈОТ ГИНОСКИ И ВАСИЛ ИКОНОМОВ


РОДОТ ДИМКОВЦИ-ПОПОВЦИ - ЗА ВАСИЛ ИКОНОМОВ


ПОЗНАТИ И ПРИЗНАТИ ДЕЈЦИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ


ДЕЛА И ДОКУМЕНТИ ЗА ЛАЗАРОПОЛЕ И МИЈАЧИЈАТА



ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post